Вардар се пласира на ,,фајнал-форот” во Лигата на шампионите

Од:

Македонскиот првак Вардар обезбеди пласман на завршницата односно „фајнал-фор” турнирот во ракометната Лига на шампиони.

Вардарци и во реванш четвртфиналниот натпревар го совлада германскиот тим Фленсбург со 35:27 откако првиот меч на гостински терен црвено-црните го добија со 26-24.

Во преполната сала „Јане Сандански” вардарци уште од самиот почеток не му дозволија на противникот во ниту еден момент да се понадева дека може да направи изненадување како што тоа беше случај пред три сезони.

Првиот дел македонскиот шампион го доби со пет гола разлика 15:10, а во вториот рутинирано ја одржуваше предноста која на крајот изнесуваше осум гола 35:27.

Вардарци се првите кои се пласираа во полуфиналето.

Останатите три реванш натпревари од четвртфиналето ќе се играат претстојниот викенд и тоа, во сабота Барселона – Кил (26-28 прв натпревар) и ПСЖ – ПИК Сегед (30-27), односно во недела ќе играат Монпеље и Веспрем (23-26.

Ждрепката за полуфиналните парови ќе се одржи на 2 мај во Келн, а „фајнал-форот“ ќе се игра на 3 и 4 јуни.

Би можело да ве интересира

Со два дрона се трага по возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар

Горан Наумовски

Јовчески: Повреденото дете кај Рашче наскоро ќе замине на домашно лекување

Горан Наумовски

Познат е идентитетот на загинатите во несреќата кај Рашче

Една од починатите жени го управувала возилото кое синоќа падна во Вардар

Голема потрага по возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар

Извлечено е возилото кое падна во Вардар, од него се извадени тела на три женски лица