Вардар против Рајн Некар во првиот меч за 2019-та во ЛШ

Од:

Ракометарите на Вардар вечерва од 19:00 часот гостуваат на Рајн Некар во Манхајм во натпревар од 11 коло на Лигата на Шампионите.

Со овој меч „црвено-црните“ го продолжуваат настапот во најпрестижното ракометно натпреварување во Европа, а до крајот на групната фаза им остануваат уште четири натпревари. Скопскиот тим е второпласиран на табелата во групата „А“ со 13 бода, еден помалку од Рајн Некар. Теоретски Вардар е веќе во осминафиналето, откако има 8 бода предност во однос на Мешков и Кристијанштад, но борбата останува за второто место и полесен противник во елиминациската фаза.

Вардарци имаат проблеми со составот, откако за Германија не отпатуваа Вуко Борозан, Рожерио Мораеш и Сергеј Горбок, додека Рајн Некар нема да може да смета на Фет и Нилсен.

Во досегашните меѓусебни средби, шестпати победувал Вардар, еден меч завршил со реми и двапати победиле Германците. На теренот во Германија имаме две победи и едно реми. На првиот меч во Скопје одигран на 6 октомври 2018, Вардар победив со 29-27.

„Секогаш натпреварите се неизвесни. Традицијата не ја гледаме. Никогаш немавме победа против Веспрем се досега. Зато аповажно е да се фокусираме на играта наша. Секој меч е различен и треба да бидеме различно подготвени според тактиката на противникот. Имаме уште четири натпревари до крајот на групната фаза. Ќе играме со максимално на секој натпревар, зашто секој меч сега е важен“, изјави тренерот на Вардар, Роберто Парондо пред мечот.

Во меѓувреме, Европската ракометна федерација (ЕХФ), пак вчера излезе со прогноза дека македонскиот шампион оваа сезона нема да биде дел од завршниот турнир во Келн. Според експертите на ЕХФ, оваа година македонскиот тим е рангиран како петти фаворити за титулата, што значи дека нема да бидат дел од најдобрата четворка.

Би можело да ве интересира

Еурофарм Пелистер првпат славеше во ракометната ЛШ

А1он

Возило излета во Вардар во центарот на Скопје

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Во Вардар во Велес најдено тело на мртов маж

Пронајден машки труп во водите на Вардар, утврден идентитетот

ЦУК: Камион на патот Зелениково – Таор ја проби оградата на мост на Вардар, нема жртви