Вардар против Нексе во последниот меч во СЕХА сезонава пред домашна публика

Од:

По завршувањето на СП во Франција, екипата на Вардар се враќа на секојдневните обврски, и првите натпревари се во СЕХА Газпром лигата в четврток против Нексе, што е последен меч за „црвено-црните“ пред домашната сезона во регуларниот дел од сезоната.

За освојување на првото место на табелата и влегување во Ф4 турнирот од тоа место на Вардар му требаат две победи од трите натпревари.

Екипата веќе долго се подготвува за пролетниот дел од сезоната, а од утре ќе биде комплетна со враќањето на Лука Циндриќ, кој доби ден одмор по завршувањето на СП во Франција.

– По долга пауза, ги почнуваме натпреварите од СЕХА лигата. Очекувам многу добар натпревар, многу интензивен. Ние сакаме да бидеме победници на лигата, а пред нас се три натпревари и треба да ги победиме на два ако го сакаме прво место. Ќе играме против Нексе, кои сега имаат нов тренер, и во натпреварот против Веспрем победија на гости. Тие играат многу добар ракомет. Од вчера почна да тренира цела екипа, освен Циндриќ, кој има пауза до утре. Но, потоа ќе ги имаме сите играчи и ќе одлучиме кој ќе игра. Немавме многу тренинзи во изминатиот период со целата екипа. Заедно сме од понеделникот, но очекувам да играме добро и треба да го искористиме времето и да се воиграме. Првиот тренинг може не беше како ние што сакаме да биде, но беше добар тренинг, изјави Раул Гонзалес, тренерот на Вардар.

Натпреварот против Нексе се игра в четврток во СЦ „Јане Сандански” со почеток во 17 часот и 45 минути.

Би можело да ве интересира

Возило излета во Вардар во центарот на Скопје

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Во Вардар во Велес најдено тело на мртов маж

Пронајден машки труп во водите на Вардар, утврден идентитетот

ЦУК: Камион на патот Зелениково – Таор ја проби оградата на мост на Вардар, нема жртви

(ВИДЕО) Змија на кејот на Вардар во Скопје: Топлото време ги раздвижи змиите

А1он