Вардар против Мешков во последниот дуел пред домашна публика во СЕХА Лигата

Од:

Екипата на Вардар денеска од 17:15 часот во СЦ „Јане Сандански“ го игра последниот натпревар сезонава пред домашна публика во СЕХА Лигата.

„Црвено-црните“ изглегуваат во дербито на регионалната лига против Мешков, а до крајот имаат уште гостувања кај Нексе и Извиѓач.

Актуелниот шампионот во ова натпреварување ќе настапи вечерва без тројца играчи – Кристијан Дисингер, Вуко Борозан и Сергеј Горбок.

Тренерот на вардарци, Роберто Парондо на пресот пред мечот од 16 коло на СЕХА лигата изјави дека тимот немал многу време да се подготви за овој натпревар, но како и секогаш, целта е да добра игра и на крајот победа.

– Пред два дена, ја завршивме групната фаза во Лигата на шампионите и треба да се подготвиме за нокаут фазата. Исто така, ќе играме на Ф4 во СЕХА лигата, но дотогаш имаме уште 3 натпревари во кои ќе се обидеме да ја подобриме нашата игра и формата, изјави вчера Шпанецот.

По 15одиграни кола, Вардар е на чело во СЕХА со 13 победи и само два порази, додека Мешков е четврти со скор 10/5.

Би можело да ве интересира

Со два дрона се трага по возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар

Горан Наумовски

Јовчески: Повреденото дете кај Рашче наскоро ќе замине на домашно лекување

Горан Наумовски

Познат е идентитетот на загинатите во несреќата кај Рашче

Една од починатите жени го управувала возилото кое синоќа падна во Вардар

Голема потрага по возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар

Извлечено е возилото кое падна во Вардар, од него се извадени тела на три женски лица