Вардар Про гостува кај екс европскиот шампион Магдебург

Од:

Ракометарите на Вардар Про вечерва со почеток од 19 часот и 30 минути го играат првиот натпревар од 3.коло од квалификациите од ЕХФ купот. „Црвено-црните“ гостуваат кај екс европскиот шампион Магдебург од Германија. Но, оваа екипа последните неколку сезони се наоѓа во криза од резултати и вообичаено не е пласирана во Топ 5 на Бундес лигата.

Македонскиот репрезентативец Стојанче Стоилов остана во Скопје поради недисциплина, додека Лука Радовиќ поради повреда ќе го пропушти дуелот. Шанса за настап за Вардар Про ќе има новиот играч Милош Драгаш.

Ова ќе биде првиот дуел во овој еврокуп додека другите се играат во текот на викендот. Двојките се: Гепинген – Мешков Брест, Борац БЛ – Татран Прешов, Сисциа – Марибор, Рајн Некар Ловен – Диомидис, Копер – Порто, Нант – Бенфика, Холстебро – Сент Рафаел, Гиуф – Арагон, Натурхаус – Војводина, Бакау – Макаби, Хаслум – Бешикташ, Висла – Сунгул Снежинск, Елверум – Слога Добој, Мотор Запорожје – Алпла и Колдинг – Пермски медведи.

Македонскиот претставник во Челинџ купот Овче Поле следниот викенд двата натпревара со Рунар од Норвешка ќе ги одигра на гостински терен.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он