Вардар Про домаќин на Магдебург во ЕХФ купот

Од:

Македонскиот освојувач на Купот во ракомет тимот на Вардар Про попладнево во СРЦ „Кале“ во Скопје ја пречекува екипата на Магдебург од Германија во натпревар од 3.коло од квалификациите од ЕХФ купот.

На реваншот „црвено-црните“ ќе почнат со негатива од три голови бидејќи на првиот дуел минатиот петок во Германија, Магдебург победи со 30:27.Но, бундеслигашот по тој натпревар стравува од атмосферата која го очекува на „Кале“.

Покрај овој натпревар денеска се играат и дуелите: Колдинг – Пермски медведи (27:30 прв натпревар), Марибор – Сисциа (29:30), Диомидид – Рајн Некар (17:37), Сент Рафаел Вар – Холстебро (19:35) и Бешикташ – Хаслум (20:31).

Пласман во групите од ЕХФ купот по вчера одиграните реванш натпревари обезбедија: Гепинген, Татран Прешов, Цимос Копер, Нант, Гуиф, Ла Риоха, Бакау, Висла, Евлерум и Мотор Запорожје.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он