Вардар испушти победа против ПСЖ

Од:

Првакот на Македонија, тимот на Вардар вечерва во последниот натпревар од 3.коло во Ц-групата од Лигата на шампионите во драматичен финиш одигра нерешено 24:24 со Пари Сен-Жермен.

„Црвено-црните“ бодрени од преку 7.000 присутни во ЦС Борис Трајковски имаа добар почеток со игра гол за гол се до 20.минута кога францускиот претставник направи серија од 4:0 и го реши првото полувреме во своја полза со плус три (12:9). На голот на Вардар одличен беше Петар Ангелов, а нападот го предводеше Тимур Дибиров кој во првото полувреме реализира четири пати.

Македонскиот шампион предводен од Михаил Чипурин успеа резултатски да се врати во првите 10 минути од вториот дел, го изедначи резултатот, а имаше и два напади за водство, но гостите се одбранија и повторно поведоа.

Во 48.минута ПСЖ ја врати предноста од полувремето (19:16), пет минути подоцна ја зголеми на 23:18. Следуваше серија од 6:1 за Вардар и одбрана на Страхиња Милиќ на 30 секунди пред крајот за голема радост во преполниот „Борис Трајковски“ и освоен бод против најскапиот ракометен тим во светот.

Најефикасни во домашниот состав беа Чипурин со 6 голови, Дибиров и Алекс Душебаев постигнаа по 5. Петар Ангелов запиша 12 одбрани.

Кај ПСЖ се истакна Микел Хансен кој со 7 реализации беше најефикасен на натпреварот.

На другите два натпревара од овој круг победи забележаа домашните екипи: Динамо Минск – Тун 27:20 и Барселона – Металург 35:17.

Табела Ц-група: Барселона 5 бодови, Динамо Минск 4, Металург 4, ПСЖ 3, Вардар 2, Тун 0.

 

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ