Вардар и Работнички обезбедија место на „фајнл фор“

Од:

Со убедливи победи пред своите навивачи против Пелистер Спорт, односно Апаве, екипите на Вардар и Работнички се пласираа во завршницата од кошаркарскиот Куп на Македонија.

Вардар го совлада Пелистер Спорт со 74:59 и заедно со оние 69:69 од првата средба играна во Битола, скопскиот состав успешно го мина квалификацискиот двомеч од Купот.

Српските интернационалци, Драган Керкез и Жарко Ѓуриќ го завршија мечот со дабл-дабл учиноци комбинирајќи 32 поени и 22 скокови. Кај Пелистер, Анакиевски постигна 23 поени, меѓу кои четири тројки од исто толку обиди.

Работнички и покрај поразот во првиот меч од Апаве од 75:70, не дозволи комплетно изненадување и предводен од двете нови засилувања, Абукар и Голдваер, убедливо славеше со 77:56 во реваншот игран во „Градски парк“.

Мохамед Абукар беше најдобар поединец на средбата со 23 поени и 7 скокови, а заедно со него, одлично деби во тимот на Емил Рајковиќ имаше и Лемир Голдваер реализирајќи 12 поени, на кои додаде и 5 скокови, 5 асистенции и 6 украдени топки.

Последниот патник ќе се бара од мечот во Струмица во вторник помеѓу домаќинот и Карпош Соколи.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он