Вардар и Металург в петок ја имаат првата битка за титулата

Од:

Во ракометната Супер лига в петок на програмата е првото големо дерби меѓу Вардар и Металург. Домаќини се „црвено-црните“, а дуелот ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 17 часот и 30 минути.

– Оваа титула е најважна, бидејќи носи пласман во Лигата на шампионите. Очекувам тесен резултат. За разлика од претходните дуели во СЕХА лигата и Лигата на шампионите, ова е нешто друго. Ние за разлика од тие дуели имаме нов тренер, но имаме и повредени играчи, како Растворцев, Стојанче Стоилов, Петриќ, додека на ситни повреди по дуелот со Фленсбург се жалат Козлина, Карачиќ и Чипурин. Од друга страна Металург е квалитетен состав, екипа која две сезони игра во ТОП 8 во Лигата на шампионите предводени од добар тренер, изјави на денешната прес-конференција капитенот на Вардар, Филип Лазаров.

Сезонава големите ривали одиграа четири натпревари – по два во СЕХА лигата и Лигата на шампионите. Металург има две победи, Вардар еднаш триумфирал, а еден натпревар заврши нерешено.

Ова ќе биде натпревар од 1.коло од ракометната Супер лига, додека дуелот од 6.коло ќе се одигра на 8 мај (четврток) во салата во Автокоманда.

Би можело да ве интересира

Возило излета во Вардар во центарот на Скопје

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Во Вардар во Велес најдено тело на мртов маж

Пронајден машки труп во водите на Вардар, утврден идентитетот

ЦУК: Камион на патот Зелениково – Таор ја проби оградата на мост на Вардар, нема жртви

(ВИДЕО) Змија на кејот на Вардар во Скопје: Топлото време ги раздвижи змиите

А1он