Вардар групната фаза ја завршува со дуел дома против Кристијанштад

Од:

Македонскиот ракометен шампион Вардар попладнево го игра последниот натпревар од групната фаза од Лигата на шампионите. Во Скопје гостува екипата на Кристијанштад. „Црвено-црните“ со досега освоените 18 бодови го обезбедија првото место во групата што значи дека ќе бидат слободни во осминафиналето и директно ќе играат во четвртфиналето.

За гостите од Шведска еден бод ќе значи и пласман во осминафиналето, додека Вардар со победа ќе му „помогне“ на Загреб да се пласира во нок аут фазата. Почетокот на натпреварот што се игра во СЦ „Јане Сандански“ е во 17:30 часот.

Покрај овој натпревар денеска се играат уште два дуела од групата А од 14.коло: ПСЖ – Кил и Силкеборг – Кадетен Шафхаузен.

На досега одиграните дуели од оваа рунда: Барселона – Висла 36:28, Веспрем – Флензбург 34:28 (А група), Рајн Некар Ловен – ПИК Сегед 24:30, Киелце – Мешков Брест 35:27 и Загреб – Цеље 23:21(Б група).

Табела А група: Барселона 25 бодови, ПСЖ 22, Веспрем 18, Флензбург 15, Кил 12, Висла 8, Силкеборг 6, Кадетен Шафхаузен 2.

Табела Б група: Вардар 18, Киелце 18, ПИК Сегед 17, Рајн Некар Ловен 17, Мешков Брест 14, Загреб 9, Цеље 9, Кристијанштад 8.

Пласман во осминафиналето обезбедија и француските екипи Нант и Монпеље. Тие во бараж дуелите беа подобри од Мотор односно Ла Риоха. Нант – Ла Риоха 68:56 (вкупен резултат) и Монпеље – Мотор 65:63 (вкупен резултат).

Би можело да ве интересира

Со два дрона се трага по возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар

Горан Наумовски

Јовчески: Повреденото дете кај Рашче наскоро ќе замине на домашно лекување

Горан Наумовски

Познат е идентитетот на загинатите во несреќата кај Рашче

Една од починатите жени го управувала возилото кое синоќа падна во Вардар

Голема потрага по возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар

Извлечено е возилото кое падна во Вардар, од него се извадени тела на три женски лица