Вардар го пречекува Ловќен

Од:

Ракометарите на македонскиот шампион Вардар утре во рамките на 7.коло од СЕХА лигата го пречекуваат Ловќен, но во таборот на „црвено-црните“ едногласни се дека уште од сега со мислите се насочени кон саботното гостување кај Тун во Швајцарија.

Сепак тренерот Андон Бошковски ги повика своите играчи сериозно да го сфатат дуелот со црногорскиот претставник.

– Ловќен не е тим за потценување. Имаат искусен тренер во името на Касим Каменица и ќе треба ангажирано да се настапи на овој натпревар, изјави Бошковски на денешната прес-конференција.

Бошковски и на овој дуел нема да може да смета на сите ракометари. Поради повредена аркада ќе отсуствува Тимур Дибиров, а поштеда доби и Матјаж Брумен, иако и двајцата играчи изразиле желба да бидат во тимот.

На нивно место во составот ќе бидат Владо Недановски, Владимир Петриќ и евентуално Стефан Терзиќ.

Во Вардар ништо ново околу назначување на нов шеф на стручниот штаб по отказот доделен на Зоран Кастратовиќ. Сопственикот Сергеј Самсоненко информира дека во следните десетина дена тимот нема да добие нов тренер и ќе биде предводен од Бошковски.

Натпреварот Вардар – Ловќен ќе се одигра утре во „СРЦ Кале“ во Скопје со почеток од 17 часот и 45 минути.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он