Вардар го порази Борац во Бања Лука

Од:

Бранителот на шампионскиот трофеј во регионалната ракометна СЕХА лига Вардар Про вечерва оствари победа на гостувањето во Бања Лука против Борац со 28:22.

Со оваа победа „црвено-црните“ значително си ги зголемија шансите за пласман на завршниот „фајнл фор“ турнир.

На вториот денешен натпревар Кроација Осигурање го победи Нексе со 28:18.

Во тек е дуелот Ловќен – Слога.

Вториот македонски претставник во ова натпреварување, екипата на Металург синоќа исто така на гости го победи Извиѓач со 27:19.

Дуелите Металург – Мешков Брест и Татран Прешов – Извиѓач на програмата се на 6 март во среда.

Табела: Металург 33 бодови, Загреб КО 32, Мешков Брест 31, Вардар Про 30, Татран Прешов 23, Ловќен 23, Нексе 22, Извиѓач 9, Борац БЛ 7, Слога 3.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он