Ракометарите на Вардар денеска продолжуваат со настапите во СЕХА лигата, со дуелот во Крагуевац против последно пласираниот Раднички.
Ова е прв предизвик за Вардар по убедливата победа против Рајн Некар во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите.
Вардарци се апсолутни фаворити на овој меч, но Раднички е екипа која знае да одигра квалитетно на домашен терен.
На првиот дуел против српскиот вицешампион „црвено-црните” славеа со 39:33.
Со победа на овој натпревар, актуелниот освојувач на титулата ќе го потврди освојувањето на втората позиција на табелата, на крајот од регуларниот дел од сезоната.
Натпреварот почнува во 19 часот.