Валентино Роси победник на трката во Херес

Од:

Италијанецот, Валентино Роси победи на трката за Големата награда на Шпанија, четврта во оваа сезона во „кралската класа’’ на Мото ГП шампионатот.

Популарниот „Доктор” до својата девета победа на оваа патека, првпат по 2009 година, стигна на доминантен начи, оставајќи ги зад себе тимскиот колега Шпанецот, Хорхе Лоренцо и неговите сонародници Марк Маркес и Дани Педроса од тимот на Репсол Хонда.

Со новата, вкупно 113-та победа во кариерата и освоените бодови Роси останува на третото место во генералниот поредок во кој водечкииот Марк Маркез има 82 бода, 17 повече од Хорхе Лоренцододека Роси кој сега има 58 бода.

Следната трка ќе се вози на 8 мај во Ле Ман, Франција.

Би можело да ве интересира

Мото ГП: Бањаја ја освои ГН на Сан Марино

Ана Ололовска

Мотоциклистот Дупаские почина од повреди здобиени при пад на трка

Ана Ололовска

ВИДЕО: Хорор-судир во Бразил, загина мотоциклистот Матеус Барбоса

Жарко Настоски

Награди за најдобрите во автоспортот за 2019 година

Ана Ололовска

Маркез беше пренесен во болница по паѓањето на „Бурирам“

Ана Ололовска

Бузалковски: Следната сезона целта е влез во ТОП 5

Ана Ололовска