Актуелниот шпански кошаркарски шампион Валенсија за продолжението на домашниот шампионат и во Евролигата донесе кошаркар кој настапувал во НБА лигата.
Се работи за Дамјан Рудеж, досегашен играч на Орландо.
Рудеж од почетокот на сезоната беше без клуб, а претходните три години играше за Минесота, Индијана и Орландо.
Според информациите од Валенсија, со 31-годишниот Рудеж потпишана е краткотрајна тримесечна соработка со можност потоа да биде склучен договор на подолг рок.