Утврдени цените за дуелот против Белорусија, за основците бесплатен влез

Од:

На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (УО на ФФМ) беа утврдени цените за влезниците на претстојниот натпревар на македонската репрезентација против Белорусија во квалификациите за Европското првенство кое во 2016 година ќе се одржи во Франција.

Билетите ќе се продаваат по цена од 100 до 400 денари, додека ФФМ реши да им овозможи бесплатен влез на Источната трибина на ученици од прво до деветто одделение, и на деца без родители и од социјално ранливи категории.
Дуелот меѓу Македонија и Белорусија ќе се игра на арената „Филип Втори Македонски’’ на 27 март.

УО на ФФМ донесе одлука редовното Годишно Собрание на федерација да се одржи на 15 март 2015 година во Скопје. Воедно УО на ФФМ го усвои и предлог дневниот ред и предлог деловникот за работа на претстојното собрание.

Управниот одбор на ФФМ го усвои пречистениот текст на правилникот за регистрација, статус и трансфери на фудбалери.

Би можело да ве интересира

УО на ФФМ закажа Изборно Собрание на 22 декември, Масар Омерагиќ ќе го наследи Муамед Сејдини?

Горан Наумовски

Превирања во ФФМ: Членови на Управниот одбор бараат итна седница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Нападот на Сејдини е без преседан, тој е истакната спортска личност и првиот Албанец на чело на ФФМ

Горан Наумовски

ФФМ: Длабоко сме загрижени и го осудуваме националистичкo скандирањe на Мирлинд Даку

Горан Наумовски

Седум клубови во македонскиот фудбал под истрага за местење на натпревари

A1on

ФФМ донесе одлука: Шкендија доби службена победа, а стадионот „Чаир“ доби суспензија