Утре истекува рокот за пријавување за атлетската трка „Трчаме за Рацин“

Од:

Во рамките на годинашните „Рацинови средби“ во Велес на 11 јуни по вторпат ќе се одржи Атлетската трка низ велешките главни улици насловена „Трчаме за Рацин“, а во чест на поетот и револуционер Коста Солев Рацин.

Трката ја организира АК „Борец“ со поддршка на Општина Велес. Се трча на 5 и 10 километри, а претходно ќе има и детска трка. Детската трка е на 400 метри, а за неа се предвидени стотина учесници.

Како што информира за МИА, Лазе Петрушев од АК „Борец“, досега за трката се пријавиле над 400 учесници од земјава како и од Србија и од Косово.

Пријавувањето е до утре, недела 4 јуни, а се врши електронски преку веб страницата на трката „Трчаме за Рацин“.

Стартот на трката е на 11 јуни во 19 часот на главната улица спроти споменикот на Рацин пред Гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес.

Организаторите за најдобрите во машка и женска конкуренција обезбедија и вредни парични награди за освоено прво, второ и трето место.

Би можело да ве интересира

Поп Арсова и Ивановски старо-нови шампиони во полумаратон

Ана Ололовска

Штафетна трка за тимови од бизнис секторот

Ана Ололовска

Милјана Ристиќ победи на женската трка во Скопје

Ана Ололовска

Во Скопје се одржа трка со специјален протокол

А1он

Промоција на книгата „Трчањето ме учи“ од Кокан Ајановски

Ана Ололовска

„Охрид Ултра-Треил“ – 100 километарска трка во планинско трчање на Галичица

Ана Ололовска