На редовна седница Извршниот одбор на Кугларската федерација на Македонија (КФМ) го усвои редоследот на натпревари од вториот дел од првенството на Македонската кугларска лига. Вториот дел од сезоната почнува на 21 февруари.
Извршниот одбор на федерацијата ја одложи за четврток расправата по Извештајот на Регистрационата комисија за мини преодниот рок, којшто се одржа минатиот месец, како и по приговорите во однос на дел од одлуките.
– На предлог на Претседателот на Извршниот Одбор на Кугларската федерација, Александар Бичиклиски, дискусијата и расправите по овие точки ќе бидат целосно транспарентни и во присуство на сите инволвирани страни вклучени во поднесените приговори (играчи и претставници на соодветните клубови), соопштија од КФМ.