Успешно финале на турнирот во мал фудбал „8 Септември“, „Астра казино“ ја продолжува поддршката

Од:

Овогодинешниот традиционален турнир во мал фудбал „8 Септември“, чиј генерален спонзор годинава беше „Астра казино“, заврши викендов со одигрување на финалниот натпревар и доделување на наградите на тимовите кои ги освоија медали.

По повеќе од една деценија континуирана поддршка, „Астра казино“ оваа година гордо ја презеде улогата на генерален спонзор на веќе традиционалниот турнир. Компанијата најавува дека и во иднина ќе ја продолжи поддршката за овој спортски настан преку соработка со Здружението на граѓани Солидарност – М.

Турнирот кој оваа година се одржува по 17-ти пат своето отворањето го имаше на 10 август на спортското игралиште во Маџари, каде во саботата се одигра и финалето.

„Астра казино“ како генерален спонзор обезбеди 300.000 денари за успешна организација на настанот. Посветеноста на компанијата за поттикнување на локалниот спорт дополнително се покажува и со учеството на сопствен тим на турнирот.

„Особено сме среќни што долгогодишната поддршка за турнирот ‘8 Септември’ годинава ја реализиравме како генерален спонзор. Турнирот беше успешно реализиран и убедени сме дека и учесниците и посетителите уживаат во натпреварите и одлична спортска забава. Како компанија која негува високи вредности за општествена одговорност продолжуваме да бидеме поддршка за овој турнир, но и останатите спортски настани и хуманитарни акции со цел да вратиме кон заедницата во која делуваме “, велат од компанијата.

Како дел од Новоматик Македонија Групацијата, „Астра Казино“ со генералното спонзорство за традиционалниот турнир ги исполнува високите корпоративни вредности за општествена одговорност и ја нагласува нејзината посветеност на промовирање здрави и активни животни стилови во нашето општество.

Турнирот е организиран од по повод Денот на независноста и се одржува веќе 17 години по ред. Годинава учествуваа 48 екипи од цела Македонија и по повеќе стотини натпреварувачи. Првото место го освои DPF-GOSV TRANS, сребрениот медал замина кај екипата на Компанија Атанасовски, а бронзата ја зеде екипата Шутка 1.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ