Фудбалската репрезентација на Русија со победа го започна настапот на Купот на Конфедерации што се одржува во нивната земја.
Русите попладнево остварија победа над Нов Зеланд со 2:0.
Мајкл Боксал со автоголот во 31.минута донесе водство за Русија, Федор Смолов во 69.минута го постави конечниот резултат.
Вториот натпревар од 1.коло во групата А се игра утре меѓу Португалија и Мексико.