Успехот на нашите параолимпијци мотив за спортување кај лицата со посебни потреби

Од:

Успехот на деветтооделенката Сара Дураку и другите учесници на Летните олимписки игри на Специјалната олимпијада во Абу Даби ги мотивираше учениците од паралелките со посебни потреби во основното училиште Лирија уште повеќе да сакаат да се занимаваат со спорт. Сите 39 деца денес посака и дојдоа да учествуват на спортските настани кои по повод Светскиот ден посветен на информирање и активизам за аутизмот 2 април беа организирани од Здружението Хендимак и спортскиот клуб Студенти.

-Сара се врати со две медали и многу ги мотивираше соучениците и другите деца да се занимаваат со спорт. Се повеќе прашуваат за можностите да спортуваат, а важно е вежбањето за нивно подобро здравје – изјави Нијаре Сулејмани, дефектолог во ОУ Лирија.

Спортот и дружењето кај децата со посебни потреби се значајни за нивното добро расположение што е основа за нивна поголемо вклучување во општеството.

-Има огромна разлика кај Вилдане Амети пред да почне со спорт и сега. Иако има само 10 години таа покажа огромна зрелост и замина на специјалната олимпијада каде освои 4-то место- изјави нејзнината наставничка, Афердита Исени, исто така дефектолог во училиштетот.

Сара Дураку (14) и Ардијан Шабани (22) на Олимпијадата освоија по две сребрени и две бронзени. Агрон Хајредини (30) и Вилдане Амети (15) се пласираа на 4-то место. Сите се членови на спорткиот клуб Студенти од Тетово каде инклузивно тренираат со останатите членови во спортови атлетика, кошарка и фудбал.

Би можело да ве интересира

Кина најуспешна нација на Параолимписките игри во Токио

Ана Ололовска

Стрелачката Наковска – Бикова шестопласирана во првиот настап на ПОИ во Токио

Ана Ололовска

Поделени првите медали на Параолимписките игри во Токио

Ана Ололовска

Земји од Пацификот се откажаа од Параолимписките игри поради ковид ограничувањата

А1он

Шахпаска: На Оливера Наковска Бикова ѝ посакувам среќа на Параолимписките игри во Токио

Ана Ололовска

Извршена еутаназија врз златната параолимпијка Верворт