Уште едно празно место за полуфиналето на ЕП за ракометарки

Од:

По одигрувањето на синоќешните натпревари во групите остана уште едно празно место за пласман во полуфиналето на Европското првенство што се игра во Србија. Најблиску до оваа позиција е Србија која има бод повеќе од Франција и од Данска и во последното коло во групата доволно и е да одигра нерешено.

Пласман во борбата за медалите обезбедија ракометарките на Норвешка (група 1), Црна Гора и Унгарија (група 2).

Европскиот првак Норвешка ја совлада Шведска за влез во „четворката“, додека во групата 2 Црна Гора и покрај поразот од Германија избори борба за медали, а на Унгарија покрај триумфот над Романија и одговараа и другите резултати.

Резултати Група 1 (Белград): Франција – Чешка 24:22, Норвешка – Шведска 28:25 и Србија – Данска 29:26.
Табела: Норвешка 8 бодови, Србија 5, Франција 4, Данска 4, Шведска 3, Чешка 0.

Резултати Група 2 (Нови Сад): Шпанија – Русија 25:25, Германија – Црна Гора 27:20 и Унгарија – Романија 25:19.
Табела: Црна Гора 6, Унгарија 6, Романија 3, Шпанија 3, Русија 3, Германија 3.

Денеска на Европското првенство е слободен ден, а утре се играат натпреварите од последното коло од главната групна фаза.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он