Уште еден од фаворитите потклекна во Монте Карло – Рублев подобар од Надал во четвртфиналето

Од:

Рускиот тенисер Андреј Рубљов се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот од серијата „мастерс 1000“ во Монте Карло совладувајќи го вечерва 11. кратниот освојувач на турнирот Рафаел Надал со 6:2, 4:6, 6:2.

Откако на претходните два меча во Монте Карло загуби само пет гемa, Надал во четвртфиналето во целост беше надигран од осмиот светски рекет на АТП листата. Рубљов по освоениот прв сет, водеше и со 4:2 во вториот и имаше „брејк-топка“ за предност од 5:2, но Надал успеа да освои четири гема едноподруго и да се избори за трет сет. Сепак, Шпанецот не можеше до целосен пресврт против исклучително расположениот Рубљов.

Претходно денеска пласман во полуфиналето обезбедија и Британецот Даниел Еванс и Норвежанецот Каспер Руд.

Рубљов за пласман во финалето ќе игра против Руд, додека втората полуфинална двојка ја сочинуваат Стефанос Циципас и Даниел Еванс.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“

Синер објасни зошто прифатил суспензија: „Случајот ми висеше над глава една година“

Синер е суспендиран на три месеци поради позитивниот допинг тест