Уште две слободни места за четвртфиналето во Еврокупот

Од:

Во кошаркарскиот Еврокуп за следната, четвртфинална фаза останаа празни уште две места кои ќе бидат пополнети по одигрувањето на вечерашните средби од И групата.

Постигнати резултати на вчерашните дуели од 6.коло во осминафиналите групи.

Група Ј: Билбао Баскет – Рига 76:65 и Валенсија – Нимбурк 104:55.
Табела: Билбао Баскет 4-2 (победи-порази), Валенсија 4-2, Рига 3-3 и Нимбурк 1-5.

Група Л: Галатасарај – Црвена звезда 85:84 и Ратиофарм Улм – Уникс 77:79.
Табела: Уникс Казан 4-2, Ратиофарм Улм 3-3, Галатасарај 3-3 и Црвена Звезда 2-4.

Денеска од 18 часот ќе стартуваат последните четири натпревари од оваа фаза.

Група И: Будивелник Киев – Триумф и Будуќност – Банвит.
Табела: Банвит 3-2, Будивелник Киев 3-2, Будуќност 2-3 и Триумф 2-3.

Група К: Стелмет – Локомотив Кубан и Кахасол – Спартак Санкт Петерсбург.
Табела: Локомотив Кубан 5-0, Спартак Ст. Петерсбург 3-2, Стелмет 2-3 и Кахасол 0-5.

Место меѓу осумте најдобри веќе изборија: Билбао Баскет, Валенсија, Локомотив Кубан, Спартак, Уникс Казан и Ратиофарм Улм.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он