US Open: Ѓоковиќ преку Лопез во полуфиналето, Серена подобра од Венус во сестринското четвртфинале

Од:

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во полуфиналето на Грен Слем турнирот во Њујорк откако утрово оствари победа од 3:1 во сетови против Фелицијано Лопез.

Со овој триумф тој се избори за полуфинале, каде ривал ќе му биде ланскиот шампион Марин Чилиќ.

Србинот го доби првиот сет со 6:1 во гемови, а Лопез изедначи откако го доби сетот со 6:3. Во следните два Ѓоковиќ беше подобар со 6:3 и 7:6 (7:2).

Повеќе неизвесност имаше во четвртфиналето меѓу Марин Чилиќ и Жо Вилфред Цонга. Актуелниот шампион на US Open Чилиќ поведе со 2:0 во сетови (6:4 и 6:4), а Цонга изедначи на 2:2 (6:3 и 7:6) притоа спаси меч топки на ривалот во четвртиот сет. Во решавачкиот сет Чилиќ беше подобар со 6:4 во гемови.

На женските мечеви одиграни ноќеска во сестринското четвртфинале Серена Вилијамс ја победи Венус Вилијамс со 2:1 во сетови (6:2; 1:6; 6:3) и е на две победи до четвртата Грен слем титула во годината.

Во второто четвртфинале Роберта Винчи ја совлада Кристина Младеновиќ со 2:1 во сетови (6:3; 5:7 и 6:4). Винчи ќе биде пречката за Серена Вилијамс до финалето.

Денеска се играат другите четвртфинални мечеви во двете конкуренции.

Би можело да ве интересира

Конечно го освоив овој прекрасен трофеј – Сабаленка во солзи по победата на УС Опен

Горан Наумовски

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Се активираше аларм на УС Опен: Сите натпревари беа прекинати

ВИДЕО: Шокантна елиминација на Алкараз од УС Опен

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ѓере го предаде мечот, а Ѓоковиќ стана единствениот со 90 победи на УС Опен

ВИДЕО: Одигран е најлудиот меч во историјата на УО Опен