Организаторот на Отвореното тениско првенство на САД по традиција го зголеми паричниот награден фонд за победниците во двете конкуренции.
За освојувачите на трофеите и во машка и во женска конкуренција предвидени се по 3,5 милиони долари, сума поголема за 200 илјади евра во однос на минатата година.
Вкупниот награден фонд за УС Опен 2016 е 46,3 милиони евра, четири милиони повеќе од лани. Така американскиот турнир е со најголем награден фонд од четирите Грен слема.
Победниците во конкуренција на двојки ќе добијат по 625 илјади долари.
УС Опен почнува на 29 август.