Последниот натпревар од второто коло од АБА лигата ќе се одигра вечерва во Љубљана. Унион Олимпија која загуби во 1.коло во Скопје (МЗТ Скопје Аеродром) ја пречекува Цибона, која истотака забележа пораз на стартот од новата сезона. Почетокот на дуелот е во 20 часот.
Преглед на резултатите на досега одиграните натпревари од 2.коло: Шолнок – МЗТ Скопје Аеродром 81:69, Раднички – Широки 75:55, Игокеа – Црвена Звезда 52:72, Будуќност – Задар 90:68, Цедевита – Крка 83:55 и Партизан – Мега Визура 88:65.
По две победи и максимален учинок досега имаат : Цедевита, Раднички и Партизан. Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром во рамките на 3.коло на домашен терен во сабота игра против Будуќност.