Украинскиот фудбалер шокираше: Го претепав тој руски селјак во хотелот

Од:

Војната во Украина трае повеќе од една година и одамна се прелеа во сите сфери на животот, вклучително и во спортот. Јасно е дека постои анимозитет меѓу руските и украинските спортисти, па на зимските подготовки во Анталија дознавме дека имало и физичка пресметка меѓу фудбалери од Русија и Украина, но тоа не е се. Сега, украинскиот фудбалер Данил Сикан од Шахтјор, на клупската телевизија раскажа како претепал руски турист.

Со насмевка на лицето, Сикан пред ТВ камерите се „пофали“ дека е актер на конфликт во хотелот на подготовките во Турција, каде претежно клубовите одат да се подготвуваат за пролетниот дел од сезоната.

„Тоа се случи во текот на вечерта. Се шетав со Ром Тернов и отидовме да играме билијард, а овој беше со децата и неговата сопруга. Кога виде дека носиме тренерки на Шахтјор и дека сме од Украина, веднаш извика – Спартак шампион! Се правев дека не слушам, но бев бесен внатре во себе и сфатив дека морам да реагирам. Тогаш мојот соиграч ми рече да се смирам, дека наоколу има деца..“, изјави Сикан, па не е тешко да се погоди во кој правец тргна приказната.

“Бев револтиран од тој руски селјак. Не сакав да дозволам да се однесуваат така во хотелот или на друго место. Тој извика “Спартак шампион”, а потоа “Слава на Русија”. Му удрив шлаканица, падна на плочките, се обиде да стане, но не можеше. Еден ден подоцна, тој беше исфрлен од хотелот“.

Сикан има само 21 година и за Шахтјор игра од 2019 година, кога пристигна од Лавов. Тој замина како позајмица во Маријупољ и Ханза, додека досега има постигнато два гола во дресот на Шахтјор.

Би можело да ве интересира

Макрон: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев не повика, Франција ќе размисли за испраќање војници

Предраг Петровиќ

Русите објавија дека ослободиле уште едно село

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски