УЕФА презема акција против милиметарските офсајди

Од:

УЕФА ќе ги промени графичките прикази, со кои ВАР треба да ги разгледува ситуациите со офсајд следната сезона.

Според претседателот на Европската фудбалска централа, Александар Чеферин, веќе ќе се користат „подебели линии“ за да се избегнат моменти со офсајд од околу еден сантиметар што би можеле да ја уништат сезоната на одреден тим. Ова ќе доведе до повеќе голови, без промена на сегашното правило за офсајд.

– Офсајд од еден сантиметар не е офсајд, затоа што тоа не е значењето на самото правило. Покрај тоа, мора да има јасна и очигледна грешка со цел да се вмеша ВАР. Па така, подебелите линии би биле од суштинско значење, бидејќи во секој случај, линијата е нацртана на субјективен начин, така што таа не е точна. При офсајд од еден сантиметар, сезоната на еден клуб може да биде уништена ако одлуката не е точна. Играта со рака е исто така проблематична, но не знам што можеме да направиме во оваа насока. Разгледуваме многу опции со судиите, изјави Чеферин за „Скај Спортс“.

Новите линии за определување на офсајд ќе се користат на натпреварите во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа следната сезона. Сепак, ова нема да биде правило за сите првенства, бидејќи движечките фактори на индивидуалните првенства имаат моќ да го одредат нивото на точност на соодветните ВАР системи.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година

УЕФА го казни Партизан со 40.750 евра поради инциденти со навивачите на мечот против Лугано

УЕФА ги суспендираше Мората и Родри