Дисциплинската комисија на УЕФА ја казни Хрватска поради расистичкото однесување на нејзините навивачи на полуфиналниот натпревар од Лигата на нации против Холандија и за палењето на факели во финалниот натпревар против Шпанија.
Хрватските навивачи на мечот во Ротердам против Холандија неколку пати му скандираа „циган, циган“ на романскиот судија Иштван Ковач, додека против Шпанија запалија и фрлаа факели.
Поради дискриминаторско однесување на навивачите, Хрватскиот фудбалски сојуз беше условно казнет со еден натпревар во квалификациите без навивачи доколку истиот прекршок се случи во следните две години.
Хрватска на следниот натпревар на гости ќе биде без навивачи, а Хрватскиот фудбалски сојуз ја доби најголемата казна во својата историја од 150.000 евра.
Казната е 70.000 евра за расистичко однесување на навивачите, 45.000 евра за фрлање факели на теренот и 35.000 евра за фрлање предмети на теренот.