Европската фудбалска унија (УЕФА) одлучи да му ја одземе акредитацијата на косовскиот новинар Арлинд Садику, кој ги провоцира српските навивачи на Европското првенство во Германија.
Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) пред три дена побара од медиумскиот сервис на Европската фудбалска унија (УЕФА) казна и одземање на акредитацијата на косовскиот новинар.
Во директниот пренос во пресрет на натпреварот од првото коло од групата Ц Англија – Србија (1:0) пред српските навивачи, Садику ги свитка рацете и направи „двоглав орел“, симбол на т.н. на Голема Албанија.