Во седиштето на УЕФА во Нион попладнево се одржа жрепката за пласман во плејофот во третото по ранг европско клупско натпреварување, Лигата на конференции.
Плејоф двојките се: Олимпик Марсеј – Карабах, ПСВ – Макаби Тел Авив, Фенербахче – Славија Прага, Митјиланд – ПАОК, Лестер – Рандерс, Селтик – Бодо/Глимт, Спарта Прага – Партизан и Рапид – Витесе.
Првите натпревари ќе се одиграат на 17 февруари, додека реваншите се на програмата една седмица подоцна. Осминафиналните натпревари се закажани за 10 и 17 март, додека финалето е на 25 мај во Тирана.