УЕФА ја казни Риека поради скандирања „Убиј го Србинот“

Од:

Дисциплинската комисија при Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) го казни шампионот на Хрватска, Риека со затворање на северната трибина на стадионот „Кантрида“ на натпреварот од 1. коло во Лига Европа.

Суспензијата на трибината „Рујевица“ е поради дискриминаторски скандирања за време на дуелот со Олимпијакос во плеј-офот од Лигата на шампионите. Имено, навивачката група на Риека „Армада“ за време на средбата со „црвено-белите“ од Пиреја скандираа „Убиј го Србинот“ „Кој не скока православен е“ и „Гази го циганот“.

За овие дискриминаторски пораки, Риека покрај празната трибина за мечот со АЕК (14.септември), ќе мора да плати и парична казна од 21 илјада евра.

Риека до УЕФА упати жалба на оваа одлука.

Би можело да ве интересира

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

УЕФА строго го казни ФСС поради натпреварите со Швајцарија и Данска

Горан Наумовски

„Ал Раја“: Златко Далиќ постигнал договор со репрезентацијата на Катар

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама