УЕФА им се закани на Динамо Загреб и АЕК Атина: Ако се запали факел, ако падне една петарда ќе има казна

Од:

Пред почетокот на двомечот од 3. коло од квалификациите за Лигата на шампионите меѓу Динамо Загреб и АЕК Атина, УЕФА им се закани и на двата клуба.

Во сенка на трагедијата во главниот град на Грција кога загина Михалис Кацурис, од европската куќа на фудбалот пристигнува порака дека и најмал инцидент повеќе нема да се толерира.

„Доколку има лице без билет на стадионот, ако се запали факел, ако падне петарда или ако има некое лошо однесување на теренот или надвор од него, се ќе биде снимено и ќе следи соодветна казна“, стои во пораката на УЕФА порака до Динамо и АЕК, пренесува грчкиот „Њузбомб“.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година

УЕФА го казни Партизан со 40.750 евра поради инциденти со навивачите на мечот против Лугано

УЕФА ги суспендираше Мората и Родри