УЕФА и клубовите ги завршуваат преговорите за новиот формат на ЛШ

Од:

Договорот за новата структура на фудбалската Лига на шампиони (ЛШ) е во завршна фаза и би требало да биде потпишан во следните две недели, најави денеска првиот човек на италијанскиот првак Јувентус и претседател на Европското здружение на клубови (ЕКА), Андреа Ањели.

Според новиот систем на натпреварување, познат како „швајцарски модел“ наместо сегашната групна фаза со 32 екипи, во ЛШ од 2024 година би учествувале 36 тимови поделени во четири групи според нивниот рејтинг.

Секој клуб би одиграл десет натпревари со различни екипи, пет на домашен и пет на гостински терен. Осумте првопласирани екипи по десетте кола би обезбедиле пласман во осминафиналето, екипите од 8 до 24 место би играле плејоф за пласман во осминафиналето, додека последните 12 пласирани екипи би го завршиле натпреварувањето.

Иако некои елементи од планот на ЕКА беа предмет на критика, Ањели изрази уверување дека работата е речиси целосно завршена.

– Сите ја препознаа користа која ја носи новиот систем на натпреварување. Постојат уште неколку детали што треба да ги решиме и се надевам дека се ќе биде завршено во следните неколку недели, изјави Ањели, по денешниот состанок на ЕКА.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година

Баерн – Динамо 9:2 – Најтешкиот пораз на Динамо во историјата

Горан Наумовски

Завршија првите натпревари од новата ЛШ: Победија Јувентус и Астон Вила