УЕФА го зголеми фондот за клубовите кои не играат во европските натпреварувања

Од:

Европската фудбалска унија (УЕФА) денеска на својата официјална веб-страница објави дека го зголемила фондот за клубовите кои не се квалификуваат од нивните лиги во едно од европските натпреварувања, од досегашните четири на седум отсто од вкупниот награден фонд.

Клубовите кои нема да се квалификуваат за едно од трите натпреварувања под покровителство на УЕФА, ќе добијат поголем дел од приходите од следната сезона благодарение на новиот модел за распределба на пари усвоен денеска.

УЕФА и Европската клупска асоцијација (ЕЦА) потпишаа обновен работен договор кој ќе важи до 2030 година и кој, како што е најавено, „ќе ја подобри долгорочната стабилност и одржливиот раст на европскиот клупски фудбал“.

Би можело да ве интересира

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

УЕФА строго го казни ФСС поради натпреварите со Швајцарија и Данска

Горан Наумовски

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година