УЕФА го суспендираше албанскиот фудбалер поради навреда на Србите и Македонците.
Албанскиот фудбалер Мирлинд Даку беше суспендиран од УЕФА поради навреда на Србите и Македонците.
По мечот со Хрватска (2:2), Даку навредливо скандира против Србија и Македонија.
Поради ова, европската куќа на фудбалот го казни со два натпревари неиграње.
Тоа значи дека ќе го пропушти натпреварот од третото коло од групата Б во понеделник против Шпанија.
ℹ️ Komisioni i Etikës dhe Disiplinës në UEFA ka dalë me një vendim në lidhje me sulmuesin Mirlind Daku, i cili është pezulluar me dy ndeshje dhe do të mungojë kundër Spanjës.
👉 Më tepër, në 𝐟𝐬𝐡𝐟.𝐨𝐫𝐠https://t.co/QS4yVF8T0o
— FSHF (@FSHForg) June 23, 2024
„Етичко-дисциплинската комисија на УЕФА донесе одлука во врска со инцидентот што се случи по завршувањето на натпреварот Албанија-Хрватска на ЕП 2024, во кој учествуваше напаѓачот на црвено-црните Мирлинд Даку. Комисијата на УЕФА одлучи да го суспендира албанскиот фудбалер за два меча, кој нема да може да игра на следниот натпревар против Шпанија кој е закажан за понеделник на 24 јуни во Дизелдорф“, соопшти Фудбалскиот сојуз на Албанија.
Инаку, Даку е член на руски Рубин, кој најави и санкции за недолично однесување.