УЕФА го одложи натпревар помеѓу Косово и Русија поради безбедносни причини

Од:

Европската фудбалска федерација (УЕФА) донесе одлука да го одлжи квалификацискиот натпревар за Европскиот шампион помеѓу женските екипи на Косово и Русија, закажан за 4 октомври во Приштина.

Таквата одлука УЕФА ја донела од безбедносни причини.

Датумот и местото на натпреварот ќе бидат утврдени дополнително, по завршувањето на дополнителните проверки.

Русија заедно со Холандија се на првите две места во групата А со шест бода. Косово има три бода и е на четврто место.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година

УЕФА го казни Партизан со 40.750 евра поради инциденти со навивачите на мечот против Лугано

УЕФА ги суспендираше Мората и Родри