УЕФА го казни Партизан поради расизам

Од:

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) денеска му изрече парична казна на Партизан во висина од 40 илјади евра и затворање на еден дел од Јужна трибина за следниот дуел на домашен терен.

Белградскиот клуб е казнет поради расистички испад на неговите навивачи на средбата со Тотенхем. Тогаш на трибината со „Гробари“ беше истакната парола со антисемитизам алудирајќи на сопствениците на лондонскиот клуб кои се Евреи.

За следниот натпревар во Лига Европа со Бешикташ, Партизан нема да смее да го отвори секторот К на трибината на која се сместуваат неговите најфренетични навивачи.

Од раководството на Партизан ги предупредија своите навивачи дека сличен инцидент би можело да значи следна санкција за Партизан од три натпревари домаќин надвор од Белград. 

Би можело да ве интересира

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

УЕФА строго го казни ФСС поради натпреварите со Швајцарија и Данска

Горан Наумовски

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година