Англискиот судија Ентони Тејлор го заврши учеството на Европското првенство откако не досуди пенал за Германија против Шпанија во четврт-финалето кога Марк Кукурела со рака го одбрани ударот на Џамал Мусиала.
Иако УЕФА јавно не објави дека Тејлор згрешил и ги оштетил Германците, сепак решиле да го вратат дома, а веќе нема да го гледаме на ЕП.
Словенецот Славко Винчиќ ќе го суди првиот полуфинален натпревар меѓу Шпанија и Франција, а Германецот Феликс Цвејер вториот меѓу Холандија и Англија.
Според извори од УЕФА до кои дојдоа англиските медиуми, најсериозни кандидати за делење на правдата на финалната средба на 14 јули во Берлин се Италијанецот Даниеле Орсато, Полјакот Шимон Марчинијак и Англичанецот Мајкл Оливер.