УЕФА ги осуди расистичките навреди на фановите на Интер кон Кулибали

Од:

УЕФА ги осуди расистичките навреди на навивачите на Интер против дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали за време на натпреварот на 18-тото коло на Серија „А“. На крајот на средбата, 27-годишниот Сенегалец доби два жолти картони за една минута и беше избркан.

– Меѓународната федерација на професионални фудбалери и УЕФА заеднички ги осудуваат расистичките навреди против Кулибали. Ние веруваме дека расистичките скандирања кон играчот, кој требаше да го напушти теренот по добивањето на вториот жолт картон, се неприфатливи и не треба да ги има во фудбалот, се вели во изјавата.

Двете организации ги поддржуваат италијанските фудбалски власти во сите дополнителни мерки што ќе се преземат за борба против расизмот на стадионите.

Интер е казнет со два меча без навивачи на „Џузепе Меаца“. Кулибали пак доби 2 натпревари казна за црвениот картон во победата на „нероазурите“ над тимот од Неапол со 1:0 во средата.

Би можело да ве интересира

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

УЕФА строго го казни ФСС поради натпреварите со Швајцарија и Данска

Горан Наумовски

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година