УЕФА ги одреди цените за финалето од Лигата на шампионите

Од:

Европската фудбалска асоцијација – УЕФА ги одреди цените за финалната пресметка во елитното клупско натпреварување Лигата на шампионите. Најевтиниот билет за финалниот натпревар кој ќе се одигра во Лондон ќе чини 68 фунти, а бројот на ваквите влезници не смее да биде поголем од 13 илјади.

Останатите билети ќе се продаваат по цена од 140 до 330 фунти, јавува БиБиСи.

Последниот натпревар во ЛШ за сезоната 2012/13 ќе се одигра на „Вембли“ во Лондон, што претставува еден вид преседан, бидејќи овој град беше домаќин на финалето во 2011 година.

Ова ќе биде седмо финале кое ќе се одигра на „Вембли“ а како главна причина Лондон годинава повторно да биде домаќин на двете најдобри европски екипи е тоа што Фудбалската федерација на Англија во 2013 година слави 150 години постоење.

Би можело да ве интересира

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

УЕФА строго го казни ФСС поради натпреварите со Швајцарија и Данска

Горан Наумовски

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година