УЕФА ги објави потенцијалните ривали на Вардар во ЛШ

Од:

Пред денешната ждрепка за второто квалификациско коло фудбалската Лигата на шампиони, во која што Вардар ќе го дознае својот противник, УЕФА го објави скратениот список на екипи кои можат да се паднат со македонскиот првак.

Шампионот на Македонија за можни ривали ги доби екипите на Селтик (Шкотска), Легија Варшава (Полска), Марибор (Словенија), Малме (Шведска), Розенборг (Норвешка) и Хафнарфјордур (Исланд).

Ждрепката ќе биде извршена денеска околу пладне.

Вардар минатата година не успеа да помине ниту едно коло, бидејќи беше елиминиран од Динамо Загреб, а оваа година од таборот на „црвено-црните“ посакуваат да се мине барем една рунда во квалификациите за елитното натпреварување.

Би можело да ве интересира

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

УЕФА строго го казни ФСС поради натпреварите со Швајцарија и Данска

Горан Наумовски

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година