Унијата на европски фудбалски асоцијации (УЕФА) ги казни Барселона и Манчестер Јунајтед поради кршење на финансискиот фер-плеј, пренесува Ројтерс.
Барселона е казнета со 500.000 евра, бидејќи каталонскиот клуб во својот приход го вклучил и профитот од продажба на нематеријални средства. Според прописите на УЕФА, само трансферите на играчи може да се прикажуваат како приход.
Англискиот клуб е казнет со 300.000 евра поради мало прекршување на финансиските правила