Убедлива победа на Веспрем над Вардар во СЕХА лигата

Од:

Ракометарите на унгарскиот шампион Веспрем ја постигнаа и четвртата победа во исто толку натпревари во СЕХА лигата, откако попладнево го совладаа шампионот Вардар со 31:23 (17:12).

Ова беше дуел од 7. коло, но поради обврските на двете екипи во Лигата на шампионите се одигра порано.

Веспрем натпреварот го почна сигурно и по 15 минути водеше со 8:4. До крајот на првиот дел унгарскиот тим ја одржуваше предноста од 3-5 голови разлика. Во второто полувреме Вардар во неколку наврати имаше негатива од три голови, а од 23:20 во 47. минута Веспрем направи серија од 5:0 и во 53. минута беше 28:20 со што победникот беше решен.

Најефикасен на натпреварот беше Момир Илиќ со 12 гола, додека кај Вардар Тимур Дибиров постигна 5 голови.

Со денешната победа Веспрем е прв со максимални 12 бода пред Вардар со 9.

Вториот наш претставник во СЕХА лигата, Металург вечерва во 20:15 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го игра натпреварот со Раднички.

Би можело да ве интересира

Со два дрона се трага по возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар

Горан Наумовски

Јовчески: Повреденото дете кај Рашче наскоро ќе замине на домашно лекување

Горан Наумовски

Познат е идентитетот на загинатите во несреќата кај Рашче

Една од починатите жени го управувала возилото кое синоќа падна во Вардар

Голема потрага по возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар

Извлечено е возилото кое падна во Вардар, од него се извадени тела на три женски лица