Убедлива победа на ЛА Клиперс против Чикаго

Од:

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс славеа убедлива победа со 120:93 против Чикаго во дербито на ноќта од НБА шампионатот.

Во четвртиот триумф во низа дури шестмина кошаркари на Клиперс средбата ја завршија со двоцифрен број на поени. Најефикасен беше Џемал Крафорд кој постигна 26 поени. Џеј Џеј Редик реализира 21 без промашување во ударите за три поени (4 од 4), а ДеАндре Џордан покрај 17 поени имаше и 20 скокови.

Кај гостите од Чикаго најефикасен беше Џими Батлер со 23, а Дерик Роус постигна 20 поени. Пау Гасол средбата ја заврши со „дабл-дабл“ од 15 поени и 14 скокови.
На останатите натпревари одиграни ноќеска:

Мајами – Атланта 105:87,
Орландо – Бостон 119:114,
Далас – Фенкс 91:78,
Њујорк – Голден Стејт 95:116,
Портланд – Минесота 96:93 и
ЛА Лејкерс – Шалрлот 82:101.
Вечер се играат девет натпревари.

Пласман Источна конференција: Кливленд 34-12 (победи-порази), Торонто 32-15, Чикаго 26-20, Мајами 27-21, Атланта 27-22, Бостон 27-22, Индијана 25-22, Детроит 25-23,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 44-4 (победи-порази), Сан Антонио 39-8, Оклахома Сити 36-13, ЛА Клиперс 32-16, Мемфис 28-20, Далас 28-22, Хјустон 25-25, Портланд 23-26,…

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on