Убедлива победа на Голден Стејт на гостувањето кај Хјустон

Од:

Кошаркарите на Голден Стејт забележаа убедлива победа на гостувањето кај Хјустон со 125-108 во дерби натпреварот од синоќешната програма во НБА лигата.

Кевин Дурант и Стеф Кари имаа фантастичен настап, а заедно искомбинираа 56 поени и 14 асистенции. Двајцата кошаркари на Голден Стејт имаа по 7 асистенции, со тоа што Дурант средбата ја заврши како најефикасен со 32, а Кари беше втор стрелец со 24 поени.

Клинт Капела со 22 поени беше најефикасниот кошаркар на Хјустон, за кој првата ѕвезда Џејмс Харден оствари дабл-дабл улинок од 17 поени и 11 асистенции.

Најнеизвесниот натпревар се одигра во Далас каде екипата на Јута по продолжението забележа победа со 112-107, додека најефикасниот меч го одиграа Њу Орлеанс и Бруклин во кој гостите остварија победа со 143-114.

Со тројката на Роберт Ковинктон на нецели 5 секунди пред крајот на мечот екипата на Филаделфија славеше триумф пред своите навивачи во дуелот со Портланд со 93-92,

На останатите средби беа постигнати овие резултати: Шарлот – Торонто 113-78, Орландо – Милвоки 112-96, Атланта – Чикаго 102-93, Мемфис – Сакраменто 1107-91 и Лос Анџелес Лејкерс – Индијана 108-96.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on