Македонската кошаркарска репрезентација загуби од Летонија со 76:66, во последниот настап на ова Европско првенство во Словенија.
Бледа игра понудија избраниците на Алеш Пипан, кој пак во една ваква една ситуација, проба да смени во брзината на играта внесувајќи ги во игра Брчков, Костовски и Соколов.
Сепак, ниту поподвижната одбрана не донесе резултат за Македонија.
Најефикасен во нашиот состав беше капитенот Перо Антиќ со 16 поени. Берзинс со 15 поени и 9 скока беше најпрецизен кај Летонците, Јаниченокс имаше исто толку и по 5 скока и асистенции и Меиерс запиша 12 поени.