Кошаркарската репрезентација на Македонија го претрпе првиот пораз во квалификациите за Еуробаскет 2017. Синоќа во Лондон Велика Британија оствари убедлива победа од 96:79 (28:30; 22:13; 19:17 и 27:19).
Освен првата четвртина која нашите кошаркари ја добија со 30:28, во другите противникот беше поуспешен и Македонија не успеа да постигне повеќе од 20 поени во еден период.
Најефикасен на натпреварот беше Војдан Стојановски со 28 поени, Александар Костоски постигна 18, а Ромео Тревис 14. Кај Британците Ерик Боатенг постигна 18 поени, а Бен Гордон реализираше 17 со 9 скокови.
На вториот натпревар од групата Унгарија го победи Луксембург со 89:64. Во групата Г, Унгарија е прва со 4 бодови, пред Велика Британија и Македонија со 3, а Луксембург е последен со 2 бода.
Следниот натпревар Македонија го игра против Унгарија во Кавадарци на 7 септември.