Данска ја елиминира Македонија со 4-0, крај на мундијалските надежи

Од:

Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа убедлив пораз (4-0) од Данска на „Паркен“ во Копенхаген во полуфиналниот плејоф за пласман на Светското првенство. Данците имаа фантастичен старт на второто полувреме кога за десет минути постигнаа три гола. Дамсгард погоди во 49.минута, потоа му подготви погодок на Исаксен во 58.минута, кој стрелаше и една минута подоцна за 3-0.

Четвртиот гол беше дело на Норгард, кој по корнерот на Ериксен од левата страна со удар со глава го потврди новиот погодок.

Првата закана ја имаше Македонија, но Ќамили не успеа да ја прифати топката во противнапад, а можеше да излезе и сам пред Хермансен.

Возврати Хојлунд, но неговиот удар во 13.минута беше блокиран.

Македонија добро беше поставена во блок, а брзо развиваше контранапади. Растодер одлично го проигра Чурлинов во шеснаесетникот, но тој задоцни за еден чекор за да биде навистина опасно за Данците.

Во 25.минута, Пјер-Емил Хојбјерг се одлучи за удар од далечина и добро ги загреа дланките на Столе Димитриевски, но македонскиот чувар на мрежата одбрани.

Седум минути подоцна се обиде и Меле од далечина, за среќа за малку вон рамките на голот.

Во финишот на првиот дел Данска притисна, но селекцијата на Гоце Седлоски ги одби сите напади.

На почетокот на второто полувреме Данска дојде до предност. Во 49.минута, Хојлунд го проигра Исаксен, тој влезе во шеснаесетникот, Херера стартуваше, топката мина крај Стојчевски и стигна до Дамсгард кој успеа да ја затресе мрежата откосо од левата страна.

Македонија можеше да возврати шест минути подоцна. Ќамили подготви акција за Стојчевски по десната страна, тој одигра повратна за Барди, кој шутираше од 16 метри, но не беше доволно прецизен.

Наместо ирамнување, данска фурија. Во 58.минута, Дамсгард одлично го пронајде Густав Исаксен на вториот дирек, а тој погоди за 2-0. Само една минута подоцна, Исаксен уште еднаш ја затресе мрежата на Столе Димитриевски, по одбиена топка откако нашиот голман првично одбрани.

Се обиде да стори нешто повеќе Барди од слободен удар, но шутираше над голот во 65.минута.

Меле имаше нова шанса за Данска во 75.минута, но Столе Димитриевски добро интервенираше. Сепак, по корнерот на по одличниот Ериксен, Норгард со глава потврди нов погодок за 4-0.

ДАНСКА – МАКЕДОНИЈА 4-0 (0-0)
Стадион „Паркен“. Гледачи: 38.000. Судија: Феликс Цвајер (Германија). Стрелци: Дамсгард 49′, Исаксен 58′, 59′, Норгард 76′ (Данска).

ДАНСКА: Хермансен, Бах (82′ Хогсберг), Норгард, Нелсон, Меле, Хојберг, Хјулманд, Дамсгард, Исаксен (73′ Ериксен), Фрокхолт, Хојлунд (82′ Хогх).

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Чурлинов (64′ Миовски), Стојчевски, Зајков, Муслиу, Херера, Барди, Атанасов (64′ Дориев), Елмас, Ќамили (64′ Алими), Растодер (78′ Мусовски).

Би можело да ве интересира

Данците не се баук: Македонија има 0-0 на полувреме во Копенхаген

Македонија ќе игра против Данска во баражот за пласман на Мундијалот

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Преку Кардиф до Мундијалот: Македонските фудбалери во Велс по историја

Катерина Ѓуровски

Директорот на А-фудбалската репрезентација Дени Масев е во притвор

ВИДЕО: Македонија убедлива против Лихтенштај, навивањето запре во 59. минута во чест на жртвите во Кочани

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Македонија води против Лихтенштајн, натпреварот почна со минута молк

Катерина Ѓуровски